Магдебург, 12. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Репрезентацијата на Норвешка очекувано го продолжува настапот во четвртфиналето на Светското првенство во Германија. Актуелните светски шампионки во осминафиналниот дуел ја победија Шпанија со 31-23.
Норевжанките демонстрираа супериорност на теренот и беа во резултатска предност од почетокот до крајот на меќот. На полувремето репрезентацијата на Норвешка имаше водство од 13-10, а во вториот дел ја зголемија позитивата и без посериозни проблеми стигнаа до четвртфиналето на СП во кое ги очекува дуелот со Русија. Нора Мерк ја предводеше норвешката репрезентација со 11 гола.
Последниот осминафинален натпревар меѓу Холандија и Јапонија во регуларниот дел заврши нерешено (20-20), а по одигрувањето на продолженијата, Холандија забележа победа за четвртфинале со 26-24. Во четвртфиналето. Холанѓанките ќе играат против селекцијата на Чешка.
Четвртфинални двојки на СП:
Чешка – Холандија
Норвешка – Русија
Шведска – Данска
Франција – Црна Гора. (Крај)
извор: Екипа.мк фото: архива