Чикаго, 12. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хјустон продолжува со победничкото темпо.Овој пат ја нанижа десетта победа, а на дневен ред и дојде тимот на Њу Орлеанс.
Хјустон победи со резултат од 130:123, а најзаслужен за победата беше Џејмс Харден со постигнати 26 поени и 17 асистенции а имаше помош и од Крис Пол, кој по повредата, постигна 20 поени. Сепак најефикасен кај Хјустон беше Клинт Капеласо постигнати 28 поени, најмногу во досегашната негова кариера.
https://youtu.be/12iP4OlCAZU
Милош Теод осиќ се врати во тимот по паузата поради повредата што ја заработи на почеток на сезоната.Тој реализира клучни поенти за победата против Торонто со 96:91.Популарниот Тео постигна тројка на помалку од минута до крајот и тогаш тимот на Клиперси се одвои со 91:87. Најдобар поединец кај тимот на Клиперс беше беше Деандре Џордан кој уфрли 14 поени и 17 скока додека Теодосиќ прокнижи 12 поени и 7 скокови. (Крај)
https://youtu.be/Hq_QlSCKTKI
извор: Дерби.мк фото: архива