Охрид, 14. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од западен и југозападен правец.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 9. степени
– И утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а се уште ќе има и појава на магла по одделни котлини. Под влијание на нов влажен бран в сабота и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од снег може да има и на некои повисоки места. Во сабота ќе дува засилен јужен ветер, а од недела под влијание на северно воздушно струење температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР.
извор: Метео фото: ОхридПрес