Апел до граѓаните да ги заштитат водомерите од мрзнење

Охрид, 16. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од охридски „Водовод“ апелираат до граѓаните да ги заштитат водомерите во своите домови.

Со оглед на тоа што метеоролозите најавуваат ниски температури, постои можност за разни дефекти на броилата предизвикани од мрзнење.

Поради тоа потребно е соодветно да се заштитат за да се избегнат дополнителни трошоци при санација или нивно менување.

Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top