Кадетите со пораз од Израел на стартот на турнирот во Романија

Васлуи, 16. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската кадетска репрезентација доживеа пораз од Израел од 27-29 во рамки на првото коло од турнирот во Васлуи, Романија.

Македонија одигра одлично прво полувреме во кое имаше и пет голови предност, а на полувремето водеше со 16-12. Во вториот дел нашиот национален тим имаше огромен пад во играта и му дозволи на противникот да дојде до триумф од 27-29.

Кадетите денеска играат против домаќинот Романија во рамки на второто коло, додека во последниот натпревар утре се среќаваат со Украина. Овој пријателски турнир е подготовка за избраниците на селекторот Данило Брестовац, кои идното лето треба да настапат на ЕХФ шампионатот во Грузија. (Крај)

извор: Спорт1 фото: архива

scroll to top