НБА: Три продолженија и трипл-дабл на Вестбрук за победа на Оклахома

Филаделфија, 16. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 11-те натпревари кои беа на програмата во НБА лигата минатата ноќ, најинтересниот се одигра во Филаделфија, каде Сиксерс го пречекаа тимот на Оклахома Сити Тандер.

Оклахома Сити Тандер победи на гостувањето кај Филаделфија Сиксерс со резултат 119:117.За победата на играчите на Оклахома им беа потребни дури три продолженија, а како клучна за победата се покажа добрата игра на нивното „големо трио“ составено од Расел Вестбрук, Пол Џорџ и Кармело Ентони.

Расел Вестбрук успеа да дојде до нов трипл-дабл во сезоната, забележувајќи 27 поени, 18 скока и 15 асистенции. Кармело Ентони и Пол Џорџ уфрлија по 24 поени, а одличен беше и Рејмонд Фелтон, кој од клупата успеа да забележи 14 поени.

Во тимот на Филаделфија, како и обично, најдобар играч на теренот беше Џоел Ембиид, со 34 поени, 8 скока и 6 асистенции.

https://youtu.be/9E_aAsn7VAA

Останати резултати:

Шарлот Хорнетс – Мајами Хит 98:104
Индијана Пејсерс – Детроит Пистонс 98:104
Орландо Меџик – Портланд Трејл Блејзерс 88:95
Вашингтон Визардс – Лос Анџелес Клиперс 100:91
Бостон Селтикс – Јута Џез 95:107
Торонто Репторс – Бруклин Нетс 120:87
Мемфис Гризлис – Атланта Хокс 96:94
Милвоки Бакс – Чикаго Булс 109:115
Денвер Нагетс – Њу Орлеанс Пеликанс 117:111
Хјустон Рокетс – Сан Антонио Спарс 124:109. (Крај)

извор: Кајгана фото: архива

scroll to top