Охрид, 17. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – 25-годишната Д.А. од селото Косел, во текот на вчерашниот ден, пријавила во СВР Охрид дека била нападната и касната од куче.
– Инцидентот се случил околу 06:45 часот, додека таа се движела по улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Во дадениот момент и` се доближило црно куче и ја каснало во задниот дел од десната нога. Д.А. успеала да избега и веднаш побарала медицинска помош во болницата во Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива