Кливленд, 18. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува одлична форма на Кливленд кој со победа од 106-99 над Вашингтон дојде до 18 триумф во последните 19 натпревари, херој повторно беше Леброн Џејмс.
Откако синоќа изби на шестата позиција на вечната листа по трипл-дабл учинок, Леброн Џејмс запиша уште еден таков скор, овој пат во Вашингтон.Џејмс имаше 20 поени, 12 скока и 15 асистенции. Повеќе поени од него имаше Лав, 25 но учинокот во другите категории му беше далеку послаб.
Кливленд има серија од 18 победи на последните 19 натпревари, но се уште е зад Бостон на истокот, сепак прашање на време е кога ќе дојде до врвот.
Индијана со 109:97 победи на гостувањето кај Бруклин, Торонто го победи Сакраменто со 108:93, а Детроит славеше против Орландо со 114:110. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива