Милано, 18. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Калчолигашот од Милано, составот на Интер во првата сезона под водство на Лучијано Спалети бележи добри резултати, но за да се дојде до целта мора да се издржи до самиот крај, па поради тоа се говори за освежување и засилување на играчкиот кадар во јануарскиот преоден рок.
Во последно време се повеќе актуелна е опцијата за ангажман за подзаборавената ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Хенрик Мхитаријан кој имаше одличен старт на кампањата за да потоа комплетно ја загуби довербата на Жозе Мурињо.
Ова сака да го искористи Интер и според „Кориере Дело Спорт“ има зелено светло и од самиот играч за да се реализира трансферот. „Нероаѕурите“ притискаат и се во контакт со агентот Мино Раиола со тоа што останува да видиме каков ќе биде резултатот, дали ќе се работи за перменантен трансфер или пак тоа што е пореално-позајмица.
Во исто време Интер размислува и за други цели, ама нема да лудува на пазарот. Се споменува продажба на Жоао Марио во ПСЖ, напад на Хавиер Пасторе и кратење на двегодишната позајмица на Алесандро Бастони во Аталанта наместо да се брка и вложува во нов дефанзивец. (Крај)
извор: Точка.мк фото: архива