Лондон, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Манчестер сити и Арсенал се првите два полуфиналисти во англискиот лига-куп, откако фаворитите дури и со експериментални тимови успеаја да слават на дуелите со Лестер, односно Вест хем.
Тимот на Пеп Гвардиола втора рунда по ред се пласира во следната фаза со пенал-рулет, откако синоќа по голема битка успеа да го елиминира Лестер. Мечот заврши 1-1, а во пенал-рулетот херој уште еднаш беше Клаудио Браво, кој сезонава настапува само во Лига-купот, останувајќи во целосна сенка на Едерсон.
Арсенал го совлада Вест хем со 1-0 со голот на Дени Велбек, меч на кој Арсен Венгер исто така ги одмори сите свои клучни фудбалери, но „топчиите“ сепак успеаја да го скршат отпорот на лондонскиот ривал со кого ремизираа 0-0 во рамките од Премиер-лигата пред неколку дена.
Во преостанатите две четвртфинални средби денеска ќе се сретнат Бристол сити – Манчестер јунајтед и Челси – Бурнемаут. (Крај)
извор: Екипа.мк фото: архива