Билиќ на местото на Тудор во Галатасарај?

Истанбул, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хрватскиот стратег Славен Билиќ би можел да биде новиот тренер на турскиот гигант Галатасарај.

Тој влезе во преговори со раководството на овој клуб, а ќе го замени неговиот сонародник Игор Тудор, кој си замина откако тимот го изгуби првото место на табелата.Според турските медиуми, директорот на Галатасарај, Ченк Ергин, веќе три пати имал средби со Билиќ и му ги образложил големите планови на клубот.

Tој доби отказ од Вест хем поради лошите резултати на почетокот на оваа сезона, а покрај него во комбинација се уште и Лорен Блан, Томас Тухел, Роналд Куман и Мишел Прудом. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

scroll to top