Охрид, 22. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година реномираната охридска компанија „Тамаро“ ја организира манифестацијата „Бадникова вечер“, во рамките на која секоја година се доделуваат илјадници пакетчиња за најмладите охриѓанчиња.
Со секое пазарење во „Тамаро“ маркетите и направена сметка над 500 денари ќе добиете купон со кој ќе добиете пакетче за вашите најмили (до 11 годишна возраст).
– Оваа година имаме новитети во организацијата на оваа наша, веќе традиционална манифестација. Наместо да имаме една поголема манифестација, оваа година ќе имаме пет, кои ќе се одржуваат во нашите маркети. Со посебно брендиран „Тамаро“ камион ќе го донесеме Дедо мраз, заедно со Дџ и забавувачи поблиску до нашите верни купувачи и нивните најмали и најмили кои ќе добијат новогодишни пакетчиња. Претходно истиот ќе помине по охридските улици, по што ќе замине на финалната дестинација. На 2-ри јануари нашиот „Тамаро“ караван ќе ги израдува најмладите во маркетите „Тамаро 1“ и маркетот во улицата АСНОМ во населбата „Бејбунар“. Следниот ден, на трети јануари, ќе се посетат двата маркети на „Тамаро“ во Лескоец, а на 4-ти јануари маркетот наспроти Градскиот пазар и во населбата Далјан. На 5-ти јануари заминуваме во посета на Струга и нашиот маркет таму, за целата манифестација да заврши на 6-ти јануари со голема забава во маркетот на улицата „7-ми Ноември“ во склоп на фабриката „Братство“, информираат од „Тамаро“.
Додаваат дека истиот ден, на 6-ти јануари, „Тамаро“ ќе биде дел и од манифестацијата „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ и ќе доделуваат пакетчиња и на Градскиот плоштад во Охрид.
„Бадниковата вечер“ на „Тамаро“ е продолжување на 19. години старата традиција, која беше возобновена пред четири години и од одговорност кон своите вработени, прерасна во акција која е насочена кон целиот град, особено кон најмладите, кои се и најрадосни, токму за време на новогодишните и божиќните празници. Оваа година беа подарени 2.100 пакетчиња за најмладите, односно 600 повеќе од минатата година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива