Хуманитарна продажна акција на волонтерите од Црвен крст

Охрид, 22. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По традиција и оваа година волонтерите на Црвен крст Охрид изработија новогодишни украси и сувенири кои ќе им бидат понудени на граѓаните на хуманитарните продажни акции што ќе се организираат деновиве.

Акциите почнуваат денес од 13:00 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. Волонтерите на Црвен крст Охрид од Програмата за грижа за стари лица ќе ги продаваат уникатните рачно изработени креации.

Средставата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top