Њујорк, 22. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Леброн Џејмс со 34 поени ја предводеше „Коњаницата” до тесна победа од 115-112 над Чикаго, Демар Дероузен забележа рекордни 45 поени во триумфот на Торонто над Филаделфија.
Серијата од седум победи на Чикаго е прекината, „Биковите“ утрово загубија на гостувањето кај Кливленд.
Вицешампионот во тесен натпревар славеше со 115-112. Гостите имаа два шута за израмнување во последните секунди но не погодија, па „Коњаницата“ на крајот се радуваше на победа.
Леброн Џејмс беше прв играч на натпреварот со 34 поени, 6 скокови и 9 асистенции. Одлична вечер имаше и Кевин Лав, кој забележа 27 поени и 7 скокови. Во редовите на Чикаго, најдобар стрелец беше Лаури Марканен со 25 поени.
Демар Дероузен со рекордни 45 поени во својата кариера го предводеше Торонто до победа од 109-114 на гостувањето кај Филаделфија.
Домаќините на средината од третата четвртина имаа предност од 22 поени, но „Рапторси“ со огромен кам-бек стигнаа до триумф.
НБА резултати:
Кливленд – Чикаго 115:112
Филаделфија – Торонто 109:114
Њујорк – Бостон 102:93
Феникс – Мемфис 97:95
Јута – Сан Антонио 100:89. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива