Наполи го купува Грималдо од Бенфика

Неапол, 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот калчолигаш Наполи ќе се активира на трансфер-пазарот ова лето и ќе се обиде да ја пополни левата бековска позиција.

Тренерот Маурицио Сари сака да ангажира нов дефанзивец и да се обезбеди за евентуалното заминување на Кулибали, а негов „пик“ е Алекс Грималдо, фудбалерот на Бенфика. За него „наполитанците“ се подготвени да платат 20 милиони евра и да го доведат на „Сан Паоло“ веќе во јануари.

Грималдо е играч кој потекнува од школата на Барселона, а од 2011 до 2015 го носеше дресот на Б-тимот на овој клуб. Откако не доби шанса во најдобриот состав на Барса, реши да го прифати предизвикот и замина во Португалија, во редовите на Бенфика. Сега би можел да направи уште еден чекор напред во кариерата и да се пресели во Серија А. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

 

scroll to top