Охрид, 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид и Нуркачкиот центар „Амфора“, во соработка на Сојузот за подводни активности на Република Македонија, денес по 16-ти пат ја накитија новогодишната елка под вода.
Традиционално, и оваа година елката се постави во водата на Охридското Езеро, кај Музејот на вода, во Градиште.
– Годинава учествуваа 10 нуркачи, а на најмладите им беа поделени новогодишни пакетчиња, спонзорирани од Нип „Нова Македонија“. Оваа година нуркачите китењето на новогодишната елка им го посветија на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и надминување на проблемите, информираат организаторите. (Крај)
извор: Амфора фото: Амфора