Лондон, 26. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се одиграат осум натпревари од 20-тото коло на англиската Премиер лига.
Денешното празнично коло, познато како „Боксинг деј“, ќе биде отворено со дуелот Тотенхем – Саутемптон, кој започнува во 13:30 часот.
Еве ги и останатите дуели што ќе се играат денеска:
Бурнемут – Вест Хем
Челзи – Брајтон
Хадерсфилд – Стоук Сити
Манчестер Јунајтед – Барнли
Ватфорд – Лестер
Вест Бромвич – Евертон
Ливерпул – Свонси. (Крај)
извор: Стандард.мк фото: архива