Дел од улицата „Јане Сандански“ без вода

Охрид, 26. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на дел од улицата „Јане Сандански“, од Мини маркет до ноќниот клуб „Арена“ претпладнево се без вода.

Екипи на охридски Водовод работат на изведување на приклучок кон водоводната мрежа на пресекот помеѓу улиците „Јане Сандански“ и „Галичица“.

Според информациите оттаму се очекува граѓаните во овој дел на градот да добијат вода најдоцна до 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top