Лондон, 26. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) –Кристијано Роналдо освои се што можеше да се освои со Реал Мадрид во 2017 година, ги доби и индивидуалните награди „Тхе Бест“ и „Златната топка“, но мораше да се задоволи само со второто место во изборот што го организираше весникот „Гардијан“.
Во ова гласање учествуваа 169 фудбалски експерти од 63 земји, меѓу кои и Роналдо, Креспо, Занети… а од вкупниот број на гласови најмногу освои Лионел Меси.
Португалецот Кристијано Роналдо го освои само второто место, пред Нејмар, Кевин де Бруине, Хари Кејн, Лука Модриќ, Роберт Левандовски, Килијан Мбапе, Тони Крос и Еден Азар. (Крај)
извор: Екипа.мк фото: архива