Државата ќе го реши проблемот со колекторскиот систем во Охрид

Скопје/Охрид, 28. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Колекторскиот систем во Охрид, кој е долгогодишен проблем за тој регион бидејќи при дождови во Oхридското Eзеро течат отпадни води, беше тема на денешните пратенички прашања во Собранието на коi одговараше премиерот Заев.

Тој истакна дека Охрид и Струга должат околу 450 милиони денари кон Министерството за финансии за што рече, државата има намера да ги преземат тие долгови.

– Ќе го преземеме колекторот. Ќе ја преземеме обврската за реконструкција и надградба. Капацитетот мора да се зголеми бидејќи ова треба трајно да се реши. Ова е за УНЕСКО, но и поради нас. Се јавија доста донатори, кои сакаат да помогнат. Има грантови од ЕУ, а постојат и мерки, односно евтини кредити за овие намени. Тоа е допонително олеснување, рече Заев.

Заев стои зад тоа државата да им олесни на двете општини, со трајно решавање со цел еколошка и целокупна заштита на Охридското Eзеро. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

scroll to top