Абу Даби, 29. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се врати на теренот денес по речиси шест месеци пауза поради повреда, а ривалот на егзибицискиот турнир во Абу Даби ќе биде Шпанецот Роберто Баутиста-Агут.
Во четврт-финалето, Агут го победи рускиот тенисер Ендру Рублев 7: 5, 6: 2 и стигна до полуфинале со популарниот Ноле. Мечот се игра со почеток во 16.00ч.
Во второто полуфинале ќе играат Австриецот Доминик Тим и Кевин Андерсон од Јужна Африка. (Крај)
извор: Сител фото: архива