Атлетико нe го пушта Гризман во зимскиот преоден рок

Мадрид, 29. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Ангел Хил Марин, отфрли можност Антоан Гризман да го напушти клубот во јануарскиот трансфер период.

– Невозможно е Гризман да замине во зима. Минатото лето, вложивме многу напори за да го задржиме и сега ќе го сториме истото. Сакавме да ги добиеме Гросман и Диего Коста и мислам дека е одлично за нив да играат еден до друг. Ова ќе биде од корист за Атлетико и тренерите. Пред 1 јули, клаузата за откуп на Грозман изнесува 200 милиони евра. Атлетико не сака да го продаде ниту сега, ниту во текот на летото. За нас тој е многу важен играч и се надевам дека ќе продолжиме заедно. Се надевам дека тој го сака истото, рече Мигел.

Изјавата на директорот на Атлетико доаѓа по се почестите најави дека напаѓачот ќе го напушти Мадрид и ќе се пресели или во Барселона или во Манчестер Јунајтед. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

scroll to top