Поставени јавните тоалети во Охрид

Охрид, 31. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По долгогодишни најави на локацијата кај Т.Ц Амам се поставени јавни тоалети.

Преку проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за изработка, опремување и монтажа на санитарни контејнери, на оваа локација поставен е модул со три тоалети, за мажи,жени и лица со посебни потреби.

toaleti2

Друга локација на која ќе има јавни тоалети е кај Горна порта, наспроти паркингот. На тој модул ќе има тоалет за мажи и жени кој ќе биде прилагоден и за лица со посебни потреби.

Изведувач на работите е фирмата „Тане 2007“,а средствата во висина од 1.900 000 денари (со ДДВ) се обезбедени преку програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top