Вечерва СИТЕ ВО ОХРИД, дочек на Нова година со Даниел Кајмакоски

Охрид, 31. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид на прагот на највеселата ноќ со одлична програма и забава за сите возрасти. Вечерва и дочек на Нова година на Градскиот плоштад со посебна програма во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

На малата сцена, во куќичката на плоштадот денес е предвидена посебна програма за најмладите, а вечерва на главната сцена е организираниот дочек на Нова година со богата програма.

Ѕвезда на вечерта е популарниот Даниел Кајмакоски, а покрај него ќе настапат и Анита Мицова, Ансамбл Билјана, Ирма Гогова и Ивана Коскоска од OhridSUPERSTAR и Dj Regie Rulles. Баскер уметниците повторно ќе ги забавуваат присутните,  предвидено е и обраќање на Градоначалникот Јован Стојаноски.

plostad30122Синоќа на големата сцена на Градскиот плоштад во Охрид се одржа одлична забава како најава за новогодишната ноќ. Забавата започна со младата Dj Јана Ѓорѓиевска, по што настапија и Мартин Мила, Емилија Петреска и Билјана Буџакоска од OhridSUPERSTAR, за музичкиот дел да заврши со Dj-сет на Dj Јане од Супер радио. Гостите на плоштадот ги забавуваа и Баскер уметниците како дополнение на убавата вечер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top