Привремено саниран оштетениот коловоз пред семафорите кај автобуската станица (Фото)

Охрид, 9. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По реакциите на граѓаните, од локалната самоуправа информираат дека е саниран оштетениот коловоз, односно металната решетка на улицата пред семафорите кои водат од населбите Црногорци и Лакочереј кон автобуската станица.

– Направена е привремена санација на оштетувањата. Во наредниот период ќе мора да се ископа комплетно каналот и да се постави нова решетка и да се санира комплетно овој дел, информираат од Општина Охрид.

Граѓаните вчера реагираа откако подолг временски период на овој потег имаше голема дупка на патот која можеше да предизвика сериозни последици и оштетување на возилата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top