Мелбурн, 10. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од шест месеци Новак Ѓоковиќ му се врати на тенисот, во егзибициски меч на Кјуонг Класик во Мелбурн го победи Доминик Тим со убедливи 6-1 и 6-4.
Доминик Тим важи за еден од најдобрите тенисери, во моментов е петти на АТП листата, па победата на Новак Ѓоковиќ е вистински показател дека тој се враќа во вистинска форма.
Поради повредата на лактот, овој меч Ѓоковиќ го играше со заштитен ракав.
„Поминаа шест месеци од мојот последен меч. Направив се да ја залечам повредата. Иако ова не е официјален турнир, игравме на резултат. И благодарам на публиката, среќен сум што се вратив“, изјави Ѓоковиќ.
Учеството на Ѓоковиќ на Австралија опен е се уште неизвесно, но овој натпревар покажува дека Србинот може да се натпреварува на највисоко ниво. (Крај)
извор: МКД.мк фото: архива