Македонија дефинитивно ќе игра во Загреб, “Арената” не се затвора!

Загреб, 10. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Македонската ракометна репрезентација дефинитивно своите натпревари од Европското првенство ќе ги игра во загрепската “Арена”.

Тоа го потврдил градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ кој изјавил дека Владата ги исплатила сите обврски кон “Арената” и загрепскиот Холдинг при крајот на 2017 година. Токму во загрепската “Арена” треба да игра и македонската репрезентација која е во група со Словенија, Германија и Црна Гора.

Според организаторот, досега се продадени сите карти за групната фаза, а останати се само околу 500 влезници за полуфиналето и финалето.

ЕП во ракомет ќе започне на 12-ти и ќе трае до 28-ми овој месец.(Крај)

извор: Спортклуб фото: архива

scroll to top