јануари 22, 2018

Берлин, 22. јануари 2018 (ОХИДПРЕС) – Зависноста од одредена храна значи дека често од истата се прејадувате до таа мерка што ви станува лошо, а освен што се појавуваат тегоби со варењето, исто така чести се главоболката и раздразнетоста.

Последиците на зависноста од храната не се нималку безопасни, дури зависноста може да предизвика тешки и хронични болести, како прекумерна дебелина, тегоби со варењето, срцеви проблеми, но може да резултира и со депресија, изолација и ниска самодоверба.

Научниците во новата студија откриваат кои производи создаваат зависност откако анкетирале 504 лица.

Храна која предизвикува најголема зависност: помфрит, сладолед, колачи, чипс, чоколада, пица. Пицата се наоѓа на највисокото место на скалата со зависности од храна.

Храна која предизвикува најмала зависност: краставица, морков, грав, јаболко, кафеав ориз, брокула. Краставицата предизвикува најмала зависност. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука