јануари 23, 2018

Струга, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од Агенцијата за храна и ветеринарство известуваат дека е на сила забрана за пиење на водата во струшкото село Јабланица.

– Од водоснабдителниот објект, кој е во сопственост на Месната заедница од село Јабланица, Струга преку ЈЗУ Центар за јавно здравје од Охрид, земена е вода за лабараториска анализа во поглед на физичко-хемиската исправност. Со лабараториски преглед на водата бр.132/2018 од 23.01.2018 година, констатирано е отсуство на резидуален хлор и микробиолошка контаминација на водата, односно присуство на бактериите Е.coli и Pseudomonas aeruginoza, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Додаваат дека Месната заедница од село Јабланица треба да обезбеди безбедна вода за пиење на населението. (Крај)

извор: Агенција за храна и ветеринарство фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука