Париз, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Неколку патишта денеска се затворени поради излевање на реката Сене во Париз, а крстарењата се откажани.
Според одлуката на градските власти, патиштата долж брегот на Сена од источниот дел на градот, кои водат кон Ајфеловата кула се затворени, бидејќи нивото на водата е најмалку 3,3 метри над нормалното ниво.
Метеоролозите предвидуваат дека нивото на водата ќе продолжи да расте во наредните денови.
Од утре, на неколку дена ќе бидат затворени и шест железнички станици во близина на Сена.
Официјални лица предупредија за ризикот од поплави во источните региони на Франција, поради обилните дождови во изминатите неколку недели. (Крај)
извор: Алсат – М фото: архива
Прочитано: 2