јануари 30, 2018

Москва, 30. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот претседател потпиша указ за одликување повеќе странски државјани што дале значаен придонес за зајакнување на пријателството и соработката со Русија. Меѓу нив е и српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, пренесе ТАСС.

Покрај Дачиќ, орден за пријателство добија генералниот директор на „Пирели таерс Русија“ Ди Савој Аист Ајмон, помошник-претседателот на Казахстан, Нурлан Онжанов, претседателот на компанијата „Лојд“, Арон Говер.

Со истиот указ, со медалот „Пушкин“, наградени се и директорката на Меморијалната библиотека на кнез Голицин, Кетрин Голицина, и претседателот на Националниот совет на Франција-Русија-ЗНД и други. (Крај)

извор: А1он фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука