февруари 14, 2018

Њујорк, 14. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – На Венецуела и Либија им е оневозможено правото на гласање на Генералното собрание на Обединетите нации, третпат во последните три години, поради долг од над еден милион долари кон светската организација.

Меѓу земјите што исто така го загубија правото на глас се и Централноафриканската Република, Доминиканската Република, Маршалските Острови, Суринам, Јемен и Екваторијална Гвинеја.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го извести Генералното собрание на крајот од минатиот месец дека 14 земји, меѓу кои се Венецуела и Либија, се во долгови, а портпаролот на Собранието, Бренден Варма, потврди дека Либија и Венецуела го изгубиле правото на глас.

Според информациите, Венецуела должи околу 25 милиони долари, А Либија шест, кои мора да ги вратат за да им се врати и правото на глас.

Во Резолуцијата се наведува дека на државите Коморос, Гвинеја Бисао, Сао Томе и Принсипе и Сомалија им се дозволува да гласаат и покрај долговите. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука