февруари 16, 2018

Охрид, 16. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид ќе се одржи бесплатно предавање на тема „Како го победив ракот“ на Билјана Јанеска.

Присутните ќе можат лично да се запознаат со Јанеска и да слушнат за нејзината борба со ракот. Ќе може да се поставуваат прашања, а и ќе се добијат и корисни совети.

Предавањето ќе се одржи во ресторанот „Белведере“ со почеток во 11:30 часот. Со оглед на ограничениот број места, пријавувањето е на телефонскиот број 077/ 855-155.

Јанеска вчера одржа вакво предавање во Струга. Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој се спроведува од Локалната агенција за развој до Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука