февруари 16, 2018

Брисел, 16. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Европската комисија соопшти дека се одобрени средства за неколку нови истражувачки проекти во рамки на Европскиот фонд за одбрана.

Проектот „Океан 2020“ е поврзан со надзорот над морските површини и вклучува употреба на далечински управувани авиони и подморници. Проектот ќе го водат 42 организации од 15 земји на ЕУ и ќе бидат бесплатно финансирани со речиси 35 милиони евра.

Три други проекти, поврзани со подобрувањето на опремата на војниците, добија поддршка од еден до три милиони евра. (Крај)

извор: А1он фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука