февруари 21, 2018

Токио, 21. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Јапонија обвини за наводно ново прекршување на санкциите кон Пјонгјанг, откако открила „најверојатно префрлување на стоки“ меѓу брод со натпис на кинески и севернокорејски брод.

Јапонски воен авион кој во петокот патролирал заедно со брод, го забележал танкерот „Ју Џонг 2“, кој пловел под знамето на Северна Кореја, како застанал до мал брод од непозната земја на отворено море на околу 250 километри од Шангај, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.

На трупот на бродот имало четири кинески знаци, кои значеле „провинција Фуџијан, град Нинде, танкер 078“.

– По сеопфатна анализа (на ситуацијата) јапонската Влада има силни сомнежи дека се остварени трансфери на стока меѓу бродовите, забранети со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, соопшти јапонското Министерство кое за инцидентот ги известило и ОН и засегнатите страни.

Јапонија годинава веќе двапати објави сомнеж за пренос на стока меѓу бродови во Источното Кинеското Море. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука