февруари 23, 2018

Охрид, 23. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во знак на поддршка на лицата со ретки болести, вечерва во кафе барот Shilla се организира бесплатно цртање на лицата со боите на ретките болести.

– На настанот кој ќе се одржува во периодот од 18:00 до 21:00 часот, со помош на Тетка Анета Кловнета, присутните ќе ги обојат лицата, ќе се фотографираат, а сликите ќе се објават на социјалните мрежи со некој од хаштазите #ShowYourRare #ShowYouCare #RareDiseaseDay, велат организиаторите.

На 28-ми февруари, по 11-ти пат, ќе се одбележи Денот на ретките болести, а во текот на овој месец се реализира интернет кампања – обојте го вашето лице со боите на ретките болести и покажете ја вашата поддршка за заедницата на ретки болести. Свој придонес во оваа кампања веќе дадоа децата од основните училишта во Охрид, кошаркарите од АВ Охрид, други јавни личности и бројни граѓани.

Денес, 300 милиони луѓе живеат со ретка болест а постојат над 6.000 различни дијагнози. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука