јануари 26, 2015

Њу Делхи, 26. јануари, 2015 (ОХРИДПРЕС) – Американскиот претседател Барак Обама и премиерот на Индија, Нарендра Моди, средбата во Њу Делхи ја именуваа како „ера на нова доверба“.

Обама е во тридневна посета на Индија.

Американскиот претседател и индискиот премиер, изјавија дека напредокот во односите постојат во однос на договорот за употреба на нуклеарната енергија за мирољубиви цели, борбата против климатските промени и зајакнување на одбранбените односи.

Обама изрази силна лична посветеност на САД во развој на односите на соработка со Индија. (Крај)

извор: Бета фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука