февруари 26, 2018

Будимпешта, 26. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Унгарската владејачка десничарска партија ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан вчера претрпе неочекуван пораз на локалните дополнителни избори.

На вчерачните избори независниот кандидат Петер Марки Зај, поддржан од неколку опозициски партии, беше избран за градоначалник на јужниот град Ходмезовашархели, кој беше долгогодишен бастион на ФИДЕС.

Марки Зај освои 57,5 проценти од гласовите, наспроти неговиот ривал од владејачката ФИДЕС Золтан Хефедуш, кој доби 41,6 отсто.

Аналитичарите оценуваат дека изненадувачката победа на опозицијата може да е нова фаза во кампањата за парламенатарните избори, закажани за 8- ми април.

Според нив, тоа покажува дека една обединета опозиција може да има шанси за победа на изборите, иако анкетите и даваат значителна предност на ФИДЕС. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука