март 1, 2018

Охрид/Скопје, 1. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по најавите за студен бран од портокалова фаза во текот на денешниот ден, излезе со препораки за заштита на населението.

Ослободување на бремените жени и лицата над 60 години од работа и реогранизација на работното време за работниците кои работат на отворено се само дел од мерките.

За лицата кои работат на отворено се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи по половина час во топли простории на секои два часа.

Од Комисијата апелираат да се избегнува физичка активност на отворено, а при движење да се внимава на лизгави површини и носење на топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација на топли напитоци и редовно земање на терапија кај хронично болните лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука