март 8, 2018

Анкара. 8. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Турција почна големи воени вежби во централниот дел од Егејско Море, што ќе ја блокира областа од морскиот сообраќај во текот на поголемиот дел од март и април, објави весникот „Грик репортер“.

Воена вежба, со боевa муниција во Егејското Море, почна вчера и ќе трае до 30- ти април.

Грчкото издание „Њуз ин“ оцени дека ова е опасна ескалација на тензиите, која се преземена од Турција во момент на зголемено американско присуство во Средоземното Море, а особено во близина на брегот на Кипар, каде се одвива американско-израелска воена вежба, со учество на бродови од шестата американски флота.

Во текстот се наведува дека Турција воената вежба ја одржува во регионот меѓу островите Скирос, Псара и Евбеја.

Изданието нагласува дека Турција ги одржува вежбите во тој регион, откако Атина веќе го планирала за грчки маневри, што сајтот го толкува како опасност од жежок инцидент. (Крај)

извор: А1он фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука