јануари 26, 2015

Охрид, 26.јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот актер и комичар Никола Тодороски повторно ќе ја забавува охридската публика.

Тодороски ќе ја одржи својата „Стендап револуција“ со свеж комичен материјал  на 30-ти јануари во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. Билетите ќе се продаваат по цена од 150 денари.

Актерот кој работи во Охридскиот народен театар досега освен во Охрид, настапува и на меѓународната театарска сцена. Неговите настапи во Лондон и Амстердам не останаа незабележани од страна на тамошната публика.

Пред домашната публика, Тодороски  многу често се јавува со свои стендап комедии.

извор: ОхридПрес фото:ФБ-Никола Тодороски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука