март 20, 2018

Париз, 20. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот претседател Никола Саркози е во притвор поради истрагата за наводното нелегално финансирање на неговата кампања во 2007 година од страна на либискиот диктатор Муарем Гадафи.

Саркози, според судски извори бил на распит во полициска станица во западен Париз.

Француските власти ја отворија истрагата во 2013 година, а Саркози за прв пат е сослушан за случајот по неколку недели откако негов поранешен соработник беше уапсен во Лондон и пуштен со кауција. Саркози кој беше претседател од 2007 до 2012 година негира дека имал корист од било какви нелегални финансиски средства, ги отфрли обвинувањата и ги нарече гротескни. (Крај)

извор: Р.С Европа фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука