април 3, 2018

Охрид, 3. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, а со поддршка на охридските „Тамаро“ маркети, деновиве се спроведува акција за помош на децата кои не можат да соберат доволно средства за да бидат дел од училишните екскурзии.

– Под слоганот „Желба наша за радост ваша“, во периодот од понеделник, втори до среда, 4-ти април, учениците ќе можат да им помогнат на своите соученици. Со секое купено Киндер јајце од трите „Тамаро“ маркети – во близина на Градскиот пазар, кај АСНОМ и новиот маркет кој се отвора на улицата 7-ми ноември, треба да се сочува фискалната сметка која треба да ја остават во кутија која ќе биде поставена во маркетите. Од „Тамаро“ со вредна донација ќе помогнат дел од учениците да ги посетат екскурзиите кои се предвидени по планот за работа на училиштето, информираат од ОУ „Григор Прличев“.

Додаваат дека учениците треба да ги сочуваат жолтите кутивчиња од киндер јајцата, внатре да ја напишат својата желба и во четврток да ги донесат во училиштето. Во дворот на училиштето ќе биде поставено „Дрво на желбите“ каде ќе можат да ги оставаат кутивчињата со желби. Од училиштето информираат дека сите желби ќе бидат поставени во т.н. „временска капсула“, која ќе биде отворена следната година, пред големиот празник Велигден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука