април 5, 2018

Охрид, 5. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес во ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, се спроведе акција за помош на децата кои не можат да соберат доволно средства за да бидат дел од училишните екскурзии.

Акцијата се одвива со поддршка на охридските „Тамаро“ маркети и под слоганот „Желба наша за радост ваша“. Изминативе два дена, со купување на одреден производ во маркетите на „Тамаро“ тие имаа можност да им помогнат на своите соученици.

– Со секое купено Киндер јајце од трите „Тамаро“ маркети – во близина на Градскиот пазар, кај АСНОМ и новиот маркет на улицата 7-ми ноември, треба да се сочува фискалната сметка која треба да ја остават во кутија која ќе биде поставена во маркетите. Од „Тамаро“ со вредна донација ќе помогнат дел од учениците да ги посетат екскурзиите кои се предвидени по планот за работа на училиштето, информираат од ОУ „Григор Прличев“.

Image may contain: one or more people

Учениците ги сочуваа жолтите кутивчиња од Киндер јајцата, внатре напишаа по една убава желба и денес ги донесоа во училиштето.

– Во дворот на училиштето на посебното „Дрво на желбите“ тие денес ги оставаа кутивчињата со желби, додаваат од училиштето од каде информираат дека сите желби ќе бидат поставени и во т.н. „временска капсула“, која ќе биде отворена следната година, пред големиот празник Велигден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука