јануари 26, 2015

Њујорк, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во областа на источниот брег на САД, од Филаделфија кон Њујорк, се најавува силна снежна бура, што може да резултира во висина на снежната покривка од околу 60 – 90 см, што ќе донесе големи проблеми во сообраќајот за десетици милиони луѓе.

Американската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за снежно попладне, а метеоролозите сметаат дека може да биде една од најголемите снежни бури во градот по 1872 година.

Властите издадоа предупредување дека би можело да дојде до застој на некои патишта. (Крај)

извор: ОхридПрес/Ројтерс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука