април 20, 2018

Охрид, 20. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – ОУ „Христо Узунов“ се подготвува за одбележување на патрониот празник, 24-ти април.

Чествувањата ќе започнат во понеделник со полагање свежо цвеќе пред бистата на Христо Узунов во дворот на училиштето. Предвиден е историски час и доделување награди на ученици.

Свечената академија ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот, а половина час порано ќе биде отворена изложба на ликовни творби.

PatronatHristoUzunovPokana2018

На приредбата поздравен говор ќе има дирекорката, ќе биде прогласен првенец на генерацијата, како и настап на учениците од рецитаторска и драмска секција, хорот и оркестарот под раководство на професорите: Оливија Пирузева Јанева, Дијана Јулоска, Вера Булоска, Илија Булоски, Стефанка Ангелоска, Светлана Климоска, Никола Дафинчески.

Во вторник ќе биде положено свежо цвеќе на бистата на Методи Патчев и Христо Узунов со историски час во градскиот парк, а во 11:00 часот ќе се посети и гробот на Узунов во селото Цер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука