април 24, 2018

Охрид, 24. април 2018 (ОХРИДПРЕС) -Ученици од гимназијата „Св. Климент Охридски“ постигнаа одлични резултати на регионалниот натпревар по англиски јазик за средно образование.

– Во организација на ЕЛТАМ, на 21-ви овој месец се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Струга. И овој пат учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид покажаа одлични резултати. Под менторство на проф. Сузана Ристеска, тие ги освоија сите три места со следниот редослед: Павел Спростран – прво, Ангел Јованоски – второ и Кирил Ковачески – трето место. Со тоа учениците обезбедија учество за државен натпревар, кој ќе се одржи во текот на мај во Скопје, информираат од охридската гимназија.

Тие испраќаат голема благодарност до локалните координатори на ЕЛТАМ, Елинда Агиќ и Селпи Пошка, за беспрекорната организација и соработка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука