април 25, 2018

Охрид, 25. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пред наставниците од охридските основни училишта денеска беше презентиран проектот „МултиЗборко“.

Станува збор за аудиовизуелна повеќејазична едукативна апликација наменета за деца на возраст од 4 до 10 години, како и за деца со посебни потреби, со која на интерактивен начин ќе може да се стекнат со нови знаења.

Поимите се претставени со соодветна илустрација, текстуално и звучно на шест јазици.

Проектот „МултиЗборко“ е  подржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија , а го имплементира ОУ „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука