април 27, 2018

Охрид, 27. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Овој пред првомајски викенд, забавата во Охрид ќе биде збогатена со нов настан за љубителите на урбаните електронски звуци.

Во ноќниот клуб „Harem“ во Т.Ц „Амам“ утревечер, 28-ми април ќе гостуваат Melani Digit, диџеј и продуцент од Скопје, Mitrik  од техно колективот Room 313, а домаќин ќе биде охридскиот DJ Alexandar.

melani plakat

Настанот почнува во 23:45 часот, влезот е слободен до 00:30 часот, а потоа влезниците чинат 100 денари.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука