јануари 26, 2015

Рио де Жанеиро, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Легендата на Бока Јуниор и аргентинскиот фудбал, Хуан Роман Рикелме денеска соопшти дека ја завршува својата блескава фудбалска кариера на 36 годишна возраст.

Аргентинецот најголем дел од својата фудбалска кариера помина во Бока Јуниорс, а во Европа се прослави во екипата на шпанскиот Вилјареал каде играше од 2003 до 2007 година.

Рикелме фудбалската кариера ја заврши во матичниот клуб од каде што започна, Аргентинос Јуниорс.

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука